Во живо Ноќно студио во живо Бленди Ходаи Гледај
Македонија

Ходаи: Не може само граѓаните да одговараат за непочитување на законите, мора да одговараат и институциите

Ходаи: Не може само граѓаните да одговараат за непочитување на законите, мора да одговараат и институциите

Институциите мора да сносат одговорност кога не ги почитуваат законите, исто како што одговорност се бара од граѓаните, порача Бленди Ходаи од Форумот за образовни промени во „Ноќно студио“ на 4ТВ.

Говорејќи за тужбата против Министерството за образование и наука поради неусогласувањето на субвенционираниот студентски оброк со инфлацијата, Ходаи истакна дека организацијата сака преку судска постапка да покаже дека институциите не можат да ги занемаруваат своите законски обврски без последици.

„Нашата цел е да има преседан, дека кога не се почитува законот, ќе има казни не само за граѓаните, туку и за институциите за непочитување на законот“, изјави Ходаи.

Тужбата се однесува на шестмина студенти, за кои се бара финансиски надоместок од околу 150 евра поединечно. Сепак, според Ходаи, значењето на евентуалната судска одлука далеку ги надминува индивидуалните побарувања.

Тој очекува позитивниот исход од постапката да послужи како основа и за други студенти кои сметаат дека се оштетени поради неусогласувањето на студентскиот оброк.

Според проценките што ги презентираше Ходаи, вкупната финансиска штета за околу 30.000 активни корисници на мерката изнесува околу три милиони евра.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни