Поканет на ТВ А2 CNN во Албанија, генералниот секретар на Движењето БЕСА, Аријанит Хоџа, ги демантираше гласините дека на средбата поканети од Зоран Заев биле присутни и претставници на Беса.
Тој рече дека Движењето Беса немало негов претставник и дека утре на седницата за недоверба пратениците на БЕСА ќе гласаат ЗА рушење на Владата.
Потсетуваме, Аријанит Хоџа е министер за земјоделство, шумарство и водостопанство во владата на Заев, но по обидот да ја украде победата на Беса во Желино од страна на ДУИ, Аријанит Хоџа најави заминување од владата и во исто време од неговата партија.