Свет

ХОРОР ВИДЕО Кинезите објавија видео од масакрот во градинка, глетката е ужасна!

ХОРОР ВИДЕО Кинезите објавија видео од масакрот во градинка, глетката е ужасна!

На социјалните мрежи е објавено грозоморно видео од масакрот во кинеска градинка, во кој животот го загубија шест лица.

Според првичните информации, една учителка, двајца родители и три деца загинале во градинка во градот Гуангдонг. Нападот се случил околу 7:40 часот по локално време, а осомничениот е уапсен по 20 минути, јавува Би-Би-Си, повикувајќи се на полицијата.

Полицијата не открива детали за жртвите или нападот. Франс прес пишува и дека жртвите се наставник, двајца родители и три деца.

ВНИМАНИЕ ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО

Според локалната полиција, 25-годишен маж со презиме Ву бил уапсен во градот Лианџијанг. Причината за нападот е под истрага, но полицијата соопшти дека нападот бил планиран.

Ваквите случаи се многу ретки во Кина, но земјата бележи зголемување на нападите во последниве години, вклучувајќи ги и оние во училиштата и градинките.

Би-Би-Си потсетува минатиот август кога напаѓач со нож упадна во градинка во југоисточната провинција Џиангси, при што уби три лица, а рани уште шестмина.

Во април 2021 година, две деца беа убиени, а 16 други беа повредени во масовен напад со нож во градот Бејли. Во октомври 2018 година, 14 деца беа повредени во напад со нож во градинка во југозападна Кина.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни