Хорор во Грција: Двегодишно дете се задушило додека јадело сувлаки

Дете помало од две години се задуши во Грција додека јадеше сувлаки.

Трагедијата се случила синоќа во Ираклион во вечерните часови. Според локалните медиуми, девојчето за кое станува збор има само 20 месеци.

Во моментот на трагедијата, девојчето било со членовите на нејзиното семејство, кои веднаш реагирале и го однеле детето во болница.

За жал, детето пристигна предоцна.

Според гувернерот на оваа област на Крит, лекарите успеале да извадат парче сувлаки од девојчето кое било заглавено во нејзината трахеја, но детето не покажувало никакви знаци на живот. Лекарите се обидувале да го реанимираат детето повеќе од еден час, но без успех.

Во моментов не е познато дали девојчето е странски државјанин или нејзините родители се Грци. Исто така, не е објавено дали трагедијата се случила додека семејството било дома или во ресторан.