Балкан

ХОРОР ВО ХРВАТСКА! Автобусот тргнал да точи гориво, па удрил во девојка (17), која починала на лице место!

ХОРОР ВО ХРВАТСКА! Автобусот тргнал да точи гориво, па удрил во девојка (17), која починала на лице место!

Во неделата 17-годишна девојка загина кога во неа удри автобус на бензинска пумпа на автопатот А-1 во правец кон Сплит.

Во неделата 17-годишна девојка загина кога во неа удри автобус на бензинска пумпа на автопатот А-1 во правец кон Сплит. „Јутарњи лист“ пишува дека возачот на автобусот се придвижил напред за да дојде во позиција да наполни гориво на бензинската пумпа, но прво не проверил дали се е безбедно и дали има некој пред возилото со задарски регистарски таблички.

Девојчето од здобиените повреди починало на лице место. Локалните медиуми јавуваат дека станува збор за девојка од областа Бенковац која ги придружувала младите фудбалери на клубот „Врчево“ од Главица во задарската област кои биле на гостување во Преграда во Хрватска Загорје.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни