Пет лица се повредени денеска, од кои три деца, во напад со нож во близина на училиште во Пекинг, соопшти полицијата.
Како што соопшти кинеската полиција, никој од повредените не е во животна опасност.
Осомничен за нападот е 50-годишен маж кој е уапсен на лице место и е под истрага, додаваат од полицијата.
Во соопштението се наведува дека нападот се случил до познато основно училиште.