Балкан

Хорор во Нови Пазар: Двегодишно дете пронајдено на улица во лоша состојба, починало во болница

Хорор во Нови Пазар: Двегодишно дете пронајдено на улица во лоша состојба, починало во болница

Две и полгодишно дете почина во Општата болница во Нови Пазар. Како што неофицијално дознаваат медиумите од полицијата, детето било пронајдено утрово околу 7 часот надвор во населбата Блажево во тешка здравствена состојба.

(А. Н.) две и пол годишно дете било пронајдено надвор, кое починало во Општата болница во Нови Пазар.

Родителите се донесени на разговор.

Жителите на Блажево, видно потресени велат дека вакво нешто никогаш не се случило во нивната заедница и дека се шокирани од утринава глетка.

„Не можевме да поверуваме кога слушнавме што се случило. Страшна трагедија“, изјави еден од жителите на населбата.

Во тек е истрага.

Ноќно студио

Најнова епизода

Петровска: Побаравме оставка од Филипче, нема разлика во цената за „Леонардо“ | Ноќно студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни