Експлозивна направа е фрлена во текот на претходната ноќ околу три часот во кафуле во Подгорица, кое се наоѓа во строгиот центар на градот, на булеварот „Иван Црнојевиќ“.
Според сознанијата на медиумите во оваа експлозија немало повредени лица. На локалот му е причинета значителна материјална штета.
Силната детонација ги вознемири станарите од тој дел од градот. Увидот е во тек.
Во текот на денот се очекуваат повеќе информации за тој настан.