ХОРОР ВО СРБИЈА: Маж со мачета му нанел исеченици на сограѓанин по телото и главата

Напаѓачот Н. Ц. (33) за време на новогодишната ноќ нападнал и со мачета му нанесол полесни телесни повреди на својот сограѓанин.

Поради основано сомнение дека во новогодишната ноќ, во населбата Гроцка, со мачета нападнал лице И. Ј. и сторил тешко кривично дело – насилничко однесување, полицијата го лишила од слобода Н. Ц. (33) од Белград.

Се вчитува...

Како што наведуваат извори за Telegraf.rs, осомничениот со повеќе удари по целото тело и глава му нанел сериозни телесни повреди на жртвата.

По нападот, на повредениот И. Ј. му била укажана лекарска помош, при што биле констатирани полесни телесни повреди.

Против Н. Ц. (33) е поднесена кривична пријава за кривично дело насилничко однесување, додека со понатамошната истрага ќе се утврдат сите околности на настанот, како и евентуалните мотиви за нападот.