Хорор во Турција: Мајка си го фрлила бебето од четврти кат!

Во Дијарбекир, Турција, тримесечно бебе почина откако мајка му го фрлила низ прозорец од четврти кат, пренесува Хуриет.

Инцидентот се случил во утринските часови во станбена зграда на улица 477 во населбата Фират, во округот Кајапинар. Според локалните извори, Н.Е., мајката на бебето, која се породила пред три месеци, доживеала нервен слом од непозната причина.

Се вчитува...

Бебето било фрлено од станот на нејзиниот свекор, каде што мајката била на гости. Итни екипи на место на настанот констатирале смрт, а телото било однесено во мртовечница за обдукција.

Полицијата ја привела мајката, а властите започнале сеопфатна истрага за случајот, со цел да се утврдат сите околности околу трагедијата.