Хоспитализирани уште 6 лица заболени од морбили

Од министерството за здравство информираат дека на Клиниката за инфективни болести во Скопје до 10 часот се хоспитализирани уште 6 заболени од мали сипаници, 5 деца и една 24-годишна девојка.

Најголемиот број на заболени и понатаму е од Ново Лисиче – Аеродром, а едно дете е од населбата Радишани, а девојката од Кисела Вода.

Во моментов има 20 болни од морбили, од кои 18 се деца и двајца се возрасни.

Од Клиниката велат дека има 120 легла, но треба да се има предвид, дека се хоспитализираат пациенти и со друга патологија. Најмладиот пациент е бебе од 8 месеци, а најстариот има 43 години од Скопје и е мајка на едно од заболените деца.

За време на викендов вакциналните пунктови во Центар, Карпош и Јане Сандански, ќе работат само прва смена од 7.30 до 13 часот.

Извор: ТВ21