Хоспитализираните во „Пирогов“ успешно оперирани, нивната состојба е стабилна

Состојбата на повредените во автобуската несреќа е добра и тие се во стабилна општа состојба. Нема опасност по нивното здравје. Од болницата „Пирогов“ денеска соопштија дека пациентите се соодветно згрижени и нивната состојба се следи од разни специјалисти. Извршени се сите потребни итни интервенции.

„Постоперативната состојба на пациентите се оценува како добра. Денеска претстојат две дополнителни оперативни интервенции. Кај една од жртвите ќе бидат извршени дополнителни медицинско – дијагностички процедури со што ќе се даде поголема јасност за идниот терапевтски третман на пациентот“, соопштија од болницата „Пирогов“.

Во вчерашната автобуска несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија загинаа 45 патници, а седум беа повредени. Шест од повредените се на Клиниката за изгореници и пластична хиругија во болницата „Пирогов“ во Софија, додека еден е на трауматологија.

Началничката на Клиниката за изгореници и пластична хирургија во болницата проф. д-р Марија Аргирова, како што јавува дописникот на МИА од Софија, изјави дека на сите пациенти им се направени успешни оперативни интервенции на самиот ден на примањето.

„Сметам дека оние кои се во стабилна состојба и имаат можност, во следните денови ќе можат да си заминат, но таа одлука се уште не сме ја донеле. Еден од нив има длабоки изгореници на двете раце, што треба да се оперира, а на едно девојче треба да му биде оперирано десното колено. На друга пациентка вчера и и е направена операција на десното колено. Состојбата им е стабилна“, изјави проф. д-р Аргирова. 

Поврзани вести

342 нови случаи на ковид-19 – пријавени 7 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.349 тестирања, а регистрирани се 342 нови случаи на КОВИД-19:

Поворката со останките тргна кон вечните почивалишта на загинатите

 По речиси едночасовното преземање од двата бугарски воено-транспортни авиона, почна транспортот на посмртните останки на загинатите во автобуската несреќа до нивните вечни почивалишта. Поворката тргна од Скопскиот аеродром каде...

ВО ЖИВО: Во тек е преземањето на останките на жртвите од несреќата во Бугарија

Со едноминутно молчење, почна преземањето на посмртните останки  на жртвите од автобуската несреќа кои претпладнево со два бугарски авиона беа транспортирани на Скопскиот аеродром. Почит на загинатите им оддадоа претседателот...

Почна церемонијата по повод пристигнувањето на останките на жртвите во автобуската несреќа

Почна церемонијата на Скопскиот аеродром по повод пристигнувањето на останките на жртвите во автобуската несреќа. Двата авиона од Софија пристигнаа, а останките во моментов ги пречекува висока државна делегација....

Најважното

342 нови случаи на ковид-19 – пријавени 7 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Поворката со останките тргна кон вечните почивалишта на загинатите

 По речиси едночасовното преземање од двата бугарски воено-транспортни авиона, почна транспортот на посмртните останки на загинатите во автобуската несреќа до нивните вечни...

ВО ЖИВО: Во тек е преземањето на останките на жртвите од несреќата во Бугарија

Со едноминутно молчење, почна преземањето на посмртните останки  на жртвите од автобуската несреќа кои претпладнево со два бугарски авиона беа транспортирани на...

Почна церемонијата по повод пристигнувањето на останките на жртвите во автобуската несреќа

Почна церемонијата на Скопскиот аеродром по повод пристигнувањето на останките на жртвите во автобуската несреќа. Двата авиона од Софија...

ВО ЖИВО: Пристигнуваат телата на жртвите од автобуската несреќа во Бугарија

Денеска во Македонија пристигнуваат посмртните останки на починатите од автобуската несреќа во Бугарија. Тие пристигнуваат на Меѓународниот аеродром Скопје,...