Хотел од Римини во Италија, отиде чекор понапред во хотелиерството и нуди единствено „риалити“ шоу искуство во текот на престојот.
„Ступидо“ хотел или глупав хотел во превод, наплатува ноќевање од само едно евро, и тоа за две лица, но под одреден услов. А, тој е во текот на престојот да бидете под видео надзор нон-стоп.
Се што ќе се случува во собата за време на вашиот престој, ќе го има директно на интернет, и ќе може да ве следат директно на социјалните мрежи. Целокупниот ваш престој ќе може да го следи и коментираат неколку милиони лица.
Инаку цените во хотелот се од 60 до 150 евра по ноќ.
