Ако се обидувате да одржите младешки изглед со внимателно избирање козметика и здрав начин на живот, размислете повторно за вашата исхрана.
Некои намирници кои го забрзуваат процесот на стареење често ни се во чинија и треба да ги избегнуваме. Ги издвоивме четирите најзастапени…
- Помфрит
Неретко гладот и желбата за сол ги задоволуваме со пржени компири, но вака приготвената храна, со додавање на сол, негативно влијае на кожата. Храната која се пржи во масло на високи температури ослободува слободни радикали кои сериозно ги оштетуваат клетките и секако ги забрзуваат првите знаци на стареење.
Масло
Оваа ставка се однесува само за готвење. Пченката и сончогледовото масло можат да произведат слободни радикали кои го нарушуваат квалитетот на кожата, што е особено забележливо кога се загреваат на високи температури. Наместо тоа, користете маслиново масло, кое е богато со антиоксиданси и витамин Е, а ги смирува инфекциите во организмот.
- Бел леб
Проблемот со белиот леб се рафинираните масти и високиот гликемиски индекс. Овој вид на храна може да предизвика воспаленија во телото, што го поврзуваме со стареење. Затоа почестете се со потемен и интегрален леб наместо бел.
Бел шеќер
Можеби сте забележале дека белиот шеќер предизвикува акни и на долг рок, брчки и трајни ефекти на кожата. Кога сакате шеќер, почестете се со овошје или темно чоколадо. Боровинките се особено добри во спречувањето на губењето колаген, како што покажа едно истражување.
