Стопанска банка АД – Скопје ја информира јавноста дека со одлука на Надзорниот одбор бр. 36/2025 од 1 април 2025 година и врз основа на добиената согласност од Народната банка на Република Северна Македонија, г-ѓа Хрисула Кутуди е именувана за Претседател на Управен одбор на Стопанска банка АД – Скопје и Генерален извршен директор.
Согласноста за именувањето е официјализирана со Решение на Извршниот одбор на Народната банка бр. 15-18019/13 од 26 август 2025 година.
Со оваа одлука, Кутуди ја презема водечката улога во една од најголемите банкарски институции во земјата, со мандат да го продолжи развојот и унапредувањето на деловното работење на Стопанска банка АД – Скопје.
