Во петокот околу 12 часот, цела Далмација остана без струја, од Задар до Дубровник. Истите проблеми го имаа и жителите на Црна Гора, БиХ и Албанија. Проблемот е хаварија во мрежата на црногорскиот систем.
Ова е првпат ваква хаварија на системот низ Црна Гора, а причината е непозната. Последните информации говорат дека поради високите температури, се зголемила потрошувачката, па системот бил срушен.
Се вчитува...
Исто така последните информации велат дека полека се враќа струјата низ Далмација.
Во Сплит се случи хаос во сообраќајот поради неработењето на семафорите.
