Балкан

Хрватска песна за Македонија стана хит во регионот: Се спомнуваат Александар Македонски, Тоше…

Хрватска песна за Македонија стана хит во регионот: Се спомнуваат Александар Македонски, Тоше…

По повеќе години откако Дадо Топиќ ја испеа легендарната “Македонија”, уште еден Хрват испеа песна за нашата држава. Овој пат станува збор за хрватскиот музичар Мики Солус, кој пред неколку дена објави песна за Македонија со наслов “U makedonskom restoranu” (“Во македонски ресторан“).

Во песната на комичен начин, кој е карактеристичен за Солус, се прикажува атмосферата во нашите кафани, а спомнати се скоро сите македонски личности кои се познати во регионот и низ светот.

Па така се спомнуваат: Александар Македонски, Тоше Проески, Горан Пандев, Кирил и Методиј, Кирил Џајковски, Есма, Калиопи, Влатко Стефановски…

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни