Хрватска си ги наградува вработените за работни резултати- еве по колку пари добија околу половина милион работници

Половина милион работници вработени во околу 39 илјади компании во Хрватска добија награда за работните резултати оваа година.

Имено, секој од нив просечно добил околу 2.400 куни (320 евра) или вкупно 1,24 милијарди куни (околу 165,4 милиони евра).

Наградата за резултати од работата може да се исплати во износ до 5.000 куни (околу 667 евра), без обврска за плаќање даноци и придонеси, а по регресот и Божиќниот бонус, тоа е најмасовната награда.