Македонските граѓани кои ќе сакаат да патуваат во Хрватска, ќе мора да минат во задолжителен 14-дневен карантин. Ова го одлучи хрватската влада после разгорувањето на епидемијата во земјава, а освен Македонија, на оваа листа се ставени уште и Србија, Косово и БИХ.
Одлуката нема да важи за оние кои ќе минуваат, односно одат транзит низ земјата.
Хрватска ги отвори границите на крајот на мај, но поради големиот број на заразени во овие четири земни, Владата се реши да ги заостри мерките.
.