Македонија

Хрватската ракометна федерација донесе забрана за знамето со сонцето од Кутлеш на натпреварите

Хрватската ракометна федерација донесе забрана за знамето со сонцето од Кутлеш на натпреварите

Хрватската ракометна федерација објави кодекс за однесување на навивачите на натпреварите од Светското првенство во Пореч, Вараждин и Загреб.

Во известувањето се вели: „За безбедност и пријатно искуство на сите посетители, ве молиме придржувајте се до следниве правила за внесување знамиња во салата“.

1. Максимални димензии на знамето: 200 cm x 150 cm (2 m x 1,5 m)

2. Забрането:

-Знамиња кои го покриваат погледот на другите гледачи.

-Знамиња со навредлива содржина или политички пораки.

3. Дозволени се само официјалните знамиња на земјите учеснички на првенството.

Објавено е точно кои знамиња смеат да бидат внесени во салата. Меѓу нив е официјалното државно знаме, но познато е дека навивачите често доаѓаат со знамето со сонцето од Кутлеш. Тоа сега е забрането.

 

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни