Во живо Вонредна прес конференција Зборува губернерот Трајко Славески Гледај
Свет

Трамп: Сите стоки од Мексико и Канада ќе подлежат на царина од 25 проценти

Трамп: Сите стоки од Мексико и Канада ќе подлежат на царина од 25 проценти

Доналд Трамп најави дека ќе воведе нови увозни царини за сите стоки од Мексико и Канада и Кина. Новоизбраниот претседател на САД на својата социјална мрежа Truth Social напиша дека на првиот ден од инаугурацијата, 20 јануари, ќе потпише извршна наредба во оваа насока.

Сите стоки од Мексико и Канада ќе подлежат на царина од 25 проценти. Одделно, на Кина ќе и биде воведена дополнителна царина од 10 отсто, покрај сегашните царини за сите стоки.

Трамп прецизираше дека тарифите ќе важат „додека дрогата, особено фентанилот и илегалните имигранти не престанат да ја поплавуваат земјата!“

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни