Хрватските пожарникари подготвуваат чај за претстојните зимски денови на многу посебен начин, а во видеото што го објавија на Фејсбук, прикажаа и како.
„Доаѓа зима, и по напорна интервенција, топлиот и овошен чај е најсоодветен за релаксација“, напишаа тие.
„Освен фактот што нашите пожарникари се првите и единствените пожарникари што правеа чај на овој начин, тие исто така ги имаат најдобрите жени кои (мора) да го направат тоа“, се пошегуваа тие.
На снимката се гледа како противпожарно возило оди обратно кон шолја чај, а на неа, одзади, виси залепена вреќичка со чај.
