ХУМАНИТАРНА ВЕЧЕР ВО КОЧАНИ: „Cacao Libre“ со настан „Една чаша за нив“ во чест на загинатите келнери и шанкери

Во пресрет на одбележувањето на годишнината од големата трагедија, познатиот локал „Cacao Libre“ од Кочани најави емотивен хуманитарен настан посветен на угостителските работници кои прерано ги загубија своите животи.

Под трогателното мото „Некои смени никогаш не завршуваат“, вечерва ќе се одржи хуманитарната вечер насловена „Една чаша за нив“. Од локалот порачуваат дека секоја подигната чаша на овој настан ќе биде тост за колегите кои зад шанкот оставија дел од своето срце, својата работа и својата искрена насмевка.

Се вчитува...

Коктел „Late Shift“ за „Патеката на бесконечноста“

Специјално за оваа пригода, во текот на вечерта ќе биде промовиран коктелот „Late Shift“ (Доцна смена). Како што велат организаторите, овој пијалак е создаден во нивна чест и претставува симбол на долгите ноќи, последните нарачки и смените што понекогаш никогаш не завршуваат.

Настанот има и благородна, хуманитарна цел. Дел од приходот од секој продаден коктел „Late Shift“ ќе биде дониран за изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста“, кое трајно ќе потсетува на настраданите.

Детали за настанот:

  • Локација: Cacao Libre, Кочани
  • Датум: 16 март 2026 година (понеделник)
  • Почеток: 21:00 часот