На Твитер се огласи и адвокатот Александар Тортевски, кој најави своја кандидатура.
Тој вели дека во вторник на официјална прес конференција ќе ја соопшти официјалната одлука.
Инаку, досега за прв човек на Град Скопје официјално се кандидирани Петре Шилегов, Данела Арсовска, Петар Георгиевски, Ана Петровска и Љубомир Јосифовски.
Се уште не сум ја објавил официјално кандидатурата. Во вторник ќе имаме официјална прес конференција и ќе промовираме дел од кандидатите. Јас сигурно ќе одам за Скопје.
— Aleksandar Tortevski (@atortevski) August 28, 2021