Македонија

И Бугарското МНР со предупредување за можни терористички напади во Северна Македонија

После американската амбасада, и Министерството за надворешни работи на Бугарија издаде предупредување за зголемен ризик на терористички напади на територијата на Северна Македонија.

„По тој повод, Министерството за надворешни работи на Бугарија, им препорачува на своите граѓани при посета на Република Северна Македонија во следните денови, да се информираат за зголемениот ризик од терористички напади“, се вели во известувањето на бугарското МНР.

Од нашето министерство за внатрешни работи засега нема никакви подетални информации. На 15.02.2019 година, министерството издаде соопштение во кое што пишуваше дека е фатена група која планирала можен терористички напад на земјава. ТВ21 веднаш се јави во МВР, но од таму ни соопштија дека се е напишано во соопштението, кое немаше подетални информации.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни