Во живо Ноќно студио во живо Дали системот реагира навреме при насилство? Гледај
Свет

И холандските државни службеници без Тик Ток на службените телефони

И холандските државни службеници без Тик Ток на службените телефони

На холандските државни службеници наскоро повеќе нема да им биде дозволено да ја користат кинеската апликација Тик Ток на нивните службени мобилни телефони, соопшти денеска холандското Министерство за внатрешни работи, откако слични одлуки донесоа неколку европски земји.

Холандското министерство соопшти дека ја обесхрабрува употребата на апликации од „земји со агресивна кибер програма насочена кон Холандија или холандски интереси“ на владините телефони.

Холандската разузнавачка служба АВИД минатиот месец ги наведе Кина, Русија, Иран и Северна Кореја како земји кои имаат таква агресивна кибер програма, што создава ризик за шпионски активности.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни