И Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ како дел од уставните измени, поднесе амандман за измена членот кој се однесува за државјанство. Како што велат амандманот се поднесува со цел да се направи јасна дистинкција од етничката припадност и државјанството.
Тие предлагаат во членот 2 став 2 по зборот „Македонија“ да се додадат збороите „со што не ја предодредува етничката припадност на граѓаните“. Амандманот го предлгаат, како што наведуваат во образложението, за да се постигне дистинкција меѓу државјанството и етничката припадност на сите граѓани на Република Македонија.
„Овој амандман докажува дека не сме и нема да бидеме северномакедонци, туку сме и ќе бидеме Македонци, како што и другите припадници се и ќе бидат Албанци, Власи, Срби, Роми, Бошњаци и други“, пишува во облазложението потпишано од Елизабета Канческа Милевска, Нола Исмајловска Старова, Владанка Авировиќ, Емилија Александрова и Зекир Рамчиловиќ. Сличен амандман поднесе и пратеникот на СДСМ Мухамед Зеќири.

