Иако Власта неколку пати досега ветуваше дека ќе биде решен проблемот со загадениот воздух, сепак тоа не се случи. Па и оваа зима веќе имаме проблеми со загадениот воздух, но тоа се става под тепих или пак не е толку јавно експонирано, бидејќи Македонија и целиот свет се занимава со коронавируст.
Речиси секаде вредностите на ПМ10 честичките се десетици пати над нормалата. Посебно критично е во Тетово, Куманово и Кавадарци. Таму два дена по ред се измерени концентрации од над 175 милиграми на метар кубен.
Синоќа во Скопје, како и во Битола, Куманово, Тетово, Кавадарци, Кичево, Струмица и други градови повторно беше измерена опасна загаденост на воздухот. Утрово состојбите се подобри, речиси секааде се пробива сонцето, но воздухот сѐ уште не е чист. На врвот на листата на најзагадени градови во светот повторно се главните градови на нашите соседи.

Вчера, со одлука на Владата, повеќе државни и општински органи беа задолжени за спроведување на мерки за заштита на населението во Тетово, Кавадарци и Куманово, каде во два последователни дена беа измерени опасни вредности на загаден воздух.
Меѓу другото, се наложува да бидат згрижени бездомниците, на работа да не одат постарите од 60 години, како и бремените жени и лица со болести, а се бара од властите и редукција во сообраќајот и намалување на градежни активности.