И пратеничката Лилјана Затуроска поднесе оставка од ВМРО-ДПМНЕ

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Затуроска поднесе оставка од фукцијата генерален секретар на Унија на жени при ВМРО-ДПМНЕ. Оставката следува неолку часа по ијзвата дека се повлекува од функција претседателката Даниела Рангелова. Таа на социјалните мрежи напиша:

„Како генерален секретар поставен од претседателката Рангелова сакам да изразам голема благодарност за довербата која ми ја даде во два наврати и правев сѐ од себе за да ја извршувам функцијата најдостоинствено што можеше.
Рангелова и тимот ја поставија Унијата на жени на високото скалило во партијата и така треба да продолжи. Функцијата генерален секретар на Унијата на жени на најголемата и најмоќната партија беше задоволство и предизвик да се извршува.
Давам оставка од оваа функција со искрени желби за уште посилни успеси на идниот тим кој ќе ја предводи унијата.
Стојам на располагање на мојата партија почитувајќи ги и извршувајќи ги одуките и активности кои ќе ми бидат доверени во иднина“, напиша Затуроска.