Балкан

И ТОА Е ЛУКСУЗ: Кафуле почна да наплаќа за седење покрај вклучена греалка

И ТОА Е ЛУКСУЗ: Кафуле почна да наплаќа за седење покрај вклучена греалка

Сопственик на кафуле во Загреб решил да ги избегне високите сметки за струја така што ќе наплаќа дополнително за седење под греалки.

Така, гостинот во неговиот објект треба да плати 14 куни (околу 115 денари) за кафе со греалка, а 12 куни (околу 98 денари) за „обично“. Значи, кој сака да седи на тераса со вклучена греалка, ќе го чини 2 куни (околу 15 денари) повеќе.

„Мислам дека греалките се луксуз надвор, во зима. Имаме доволно внатрешен простор, ако некој навистина сака да биде надвор на свеж воздух, ќе му ги вклучиме греалките, но едноставно тој дел од трошокот треба да го префрлиме на крајниот корисник“, вели сопственикот на Occulto. кафе бар во Ференшчица, Иван Орешковиќ за RTL.

На овој потег се одлучил, вели, поради сметките за струја кои пораснале за 200 отсто. Лани еден киловат чинел 55 липи, а годинава куна и 65 липи.

„Во просек седат по 30 минути“

„Надвор седите во просек по 30 минути, досега ние го сносивме тој трошок. Секој грејач троши приближно 2 киловати на час, тоа би било 2 пати по 1,6 што е 3,2 куни – порано плаќавме една куна за тоа. Таа разлика ја префрливме на гостите, а главниот дел од трошокот го задржуваме за себе“, вели сопственикот.

Сепак, не мислат сите ресторани така.

„Не можеме да ги зголемиме цените за да бидеме во чекор со трошоците, а сега тоа мора да се покрие на различни начини. Ќе го избегнувам колку што можам. Што се однесува до греалките на терасите, нема да ги наплатиме, но го разбирам секој мој колега што го прави тоа“, нагласува Леонард Топиќ, сопственик на ресторан во Загреб.

Иван Тадиќ, секретар на Загрепското здружение на угостителство, вели дека „од одлуката на претприемачот зависи дали ќе наплати 2 куни, 5 или 50 куни“. Тој додава дека е „сигурен оти претприемачите ги земаат предвид сумите што нашите граѓани можат да ги платат“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни