И третиот нацрт-амандман доби зелено светло во Собрание

Со 64 гласови За, 14 против и само двајца воздржани пратеници денеска во Собранието зелено светло доби и третиот амандман.

Со овој амандман се дава гаранција на суверенитетот на соседите.

Останува уште еден амандман да биде усвоен, за кој пратениците може да расправаат најмногу три дена.

Како предлог уставните измени до Собранието ги достави Владата на Република Македонија и моментално се наоѓаат во втората фаза за која е потребно просто мнозинство од пратениците. Следува и третата последна фаза за промена на уставот, каде ќе биде потребно 2/3 мнозинство од пратениците да дадат зелено светло.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното