Македонија

И Царовска заминува од Владата – „Одлучив да не учествувам во новата Влада“

„Донесов одлука да не учествувам во новата Владата со новиот мандатар“, соопшти денеска министерката за образование и наука Мила Царовска.

Таа вели дека во изминатите пет години заедно со нејзиниот тим навистина испорачале политики во интерес на граѓаните.

„Јас продолжувам да се борам и да се застапувам за истите вредности и за истите политики и навистина верувам во капацитетот и силата на државата, како и во силата на жените и младите“, рече Царовска.

Повлекување од министерската функција во новиот состав на Владата во петокот најави и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Во ресорот образование треба да биде назначен и нов заменик-министер откако оставка даде Арафат Шабани од движењето Беса.

Заменик-министерот за образование ќе биде од редовите на Алтернатива. Партијата за тоа место го предложи Лулзим Алиу.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни