Турбулентниот септември не се преслика на домашниот пазар. Минатиот месец цената на нафтата на светските берзи во два наврата ја премина границата од 95 долари за барел, пишува Bloomberg.
Прогнозите одат во правец на тоа дека нафтата допрва ќе надмине 100 долари за барел. Ниските резерви во САД и намаленото производство во Саудиска Арабија и Русија веќе влијаат на цените.
Домашниот пазар на горива остана стабилен пред сè затоа што при пресметките на цените на горивата, Регулаторната комисија за енергетика не ги зема предвид берзанските цени на суровата нафта туку на нафтените производи, и тоа во минатите пет дена.
Извор: Bloomberg Adria Macedonia
