Македонија

Идентификуван планинарот кој загина на Титов врв – имал само 28 години и бил од Белгија

Идентификуван планинарот кој загина на Титов врв – имал само 28 години и бил од Белгија

Планинарот кој беше пронајден починат откако со пријател се изгубиле кај Титов врв на Шар планина и паднал од карпа официјално е идентификуван.

Станува збор за 28-годишниот С.Ф. од Белгија.

@Пред малку официјално e идентификувано второто,починато лице.Станува збор за С.Ф.(28) од Белгија#, информираше портпаролот Марјан Јосифовски од СВР Тетово

Полесно е повреден неговиот другар кој јавил за несреќата.

Како што претходно објавивме по добиен повик за итен случај на 112 во ЦУК, синоќа во тек беше спасувачка акција во координација на Центарот за управување со кризи (ЦУК), поточно преку Регионалниот центар за управување со кризи РЦУК Тетово, за извлекување на двајца планинари од кои едниот паднал од карпа во провалија и не се знаеше во каква состојба е во подножјето на Титов Врв на Шар Планина.

Како последно известување РЦУК Тетово информира дека од страна на командирот на ТППЕ Тетово, кој се наоѓа на местото на настанот, е добиена информација дека беше пронајден едниот планинар, којшто е контактибилен и има лесни повреди на главата, а се вршеше претрага за пронаоѓање и на другото лице, кое според изјавата на пронајдениот планинар, паднало од карпа и било повредено.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни