Македонија

Идната недела температури до 40 степени

Идната недела температури до 40 степени
Во следните денови ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност, а во попладневните часови ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Како што информира УХМР, од почетокот на следната работна недела дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени, а наместа во југоисточните делови и околу 40 степени. Утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Попладне ќе има услови за ретка појава на локален пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе биде од 11 до 19 степени, а дневната од 29 до 36. УВ индексот ќе изнесува 8. Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Температурата ќе се движи од 16 до 34 степени. 

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни