Иги Поп ја напушти сцената во ковчег: Важно е и како си заминуваш

Легендарниот рок-музичар Иги Поп покажа дека сè уште може да ги поместува границите на 79-годишна возраст. Публиката засекогаш ќе го памети неговиот проштален концерт во Лондон бидејќи Иги го заврши настапот легнувајќи во ковчег и напуштајќи ја сцената во него.

Прошталниот концерт во лондонската О2 арена, кој обожавателите го нарекоа „незаборавен“, во секој поглед потсетуваше на енергичните настапи на Кумот на панкот, како што често го нарекуваат Иги Поп.

Прошталниот концерт во лондонската О2 арена, кој обожавателите го нарекоа „незаборавен“, во секој поглед потсетуваше на енергичните настапи на Кумот на панкот, како што често го нарекуваат Иги Поп.

Легендарниот музичар носеше само црни панталони и чевли бидејќи со години настапува без маица, а публиката уживаше во панк звукот сè додека не дојде време да си оди дома.

Откако ја отпеа својата последна песна, Иги, чие вистинско име е Џејмс Остерберг Џуниор, ја шокираше и воодушеви публиката влегувајќи во ковчег и легнувајќи. Тој ја напушти сцената, мавтајќи им на публиката додека го одведуваа со количка.

Музичарот сподели видео од крајот на концертот на својот профил на X мрежата (порано Твитер), со пораката: „Лондон беше луд! Како си заминуваш е исто толку важно колку и како влегуваш.“