Северина и Игор Којиќ веќе не се во брак, но дури сега на виделина излегуваат шокантните детали што го одбележаа периодот на развод.
Наводно, Игор на почетокот не сакал да потпише спогодбен развод, тој дури отишол толку далеку што сакал ја тужел Северина за да добие на време и се обидел да ја задржи покрај него, сепак, Севе беше упорна во решавањето на спорот мирно.
„Игор се надеваше за сминување, па затоа на почетокот малку затегнуваше и одбиваше да ги потпише документите, но Северина сепак најде начин да го смири и убеди дека тоа е најдобро за сите“, објаснува пријател на пејачката.
Тој вели дека Северина му кажала на Игор дека во име на љубовта која го одбележала нивниот брак, нема потреба да се препукуваат и одат по дусови.
„Го потсети дека таа го има тоа поминато со поранешниот и му стави до знаење дека тоа што тие го поминале заедно не заслужува препукување. Го замоли да не и застанува на маката бидејќи многу патела откако има проблем со старателството над синот и му објаснула дека мора да прифати дека е крај, но додава и дека секогаш ќе го носи во срцето како некој кој го одбележал нејзиниот живот на убав начин. Игор на крајот попушти и ги потпиша документите, тој е навистина супер момче и останал до крајот со неа“, вели пријателот.
