Македонија

ИЈЗ почна детална анализа за починатите пациенти

Институтот за јавно здравје најавува детална анализа за смртноста во нашата земја.

Директорот на Институтот за јавно здравје, Шабан Мемети за ТВ21 вели дека во соработка со други институции, покрената е иницијатива за детална студија за пациентите кои починуваат од коронавирус, односно – кои се вистинските причини и зошто бројот на жртвите останува висок?!

„Анализата треба да ја опфати секоја смртност, секој смртен случај од Ковид, придружните болести во детали и која е суштината од што починал човек“, вели Мемети за ТВ21.

На прашање за тоа колку време ќе трае студијата, Мемети вели дека тоа е зависно од податовите и соработката што ќе ја имаат во овој случај.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни