Илјадници возила кои одат кон Русија се заглавени во белгиското пристаниште

Илјадници возила чекаат на белгиското пристаниште, кои беа планирани да се извезат во Русија, но беа блокирани поради воведувањето на санкциите.

Околу 8 илјади возила во Зибриж, едно од најголемите пристаништа во Белгија, беа ставени во мирување поради санкциите против Русија.

Белгиската царина не дозволува во Русија да се испраќаат луксузни возила како Мерцедес, Ауди, БМВ, Кадилак, Лексус и теренци и каравани на марки како Тојота, Форд, Фолксваген, Хјундаи, Нисан и Сузуки поради санкции.

Поради возилата за кои станува збор, паркингот на пристаништето Зибриж е преполн.

Не се знае колку време ќе чекаат возилата на пристаништето.

Нарачките за автомобилите кои чекаат на пристаништето биле направени пред санкциите на Европската унија, но не било можно да се испратат.

Во согласност со санкциите што ЕУ ги воведе во март поради руско-украинската војна, возила вредни повеќе од 50 илјади евра не можат да се испраќаат во Русија.

Иако не се знае колку долго ќе се чуваат овие возила на пристаништето, правниот статус на овие возила останува нејасен.