Свет

ВИДЕО Илон Маск го осветли „Х“ – соседите во Сан Франциско не можат да спијат

ВИДЕО Илон Маск го осветли „Х“ – соседите во Сан Франциско не можат да спијат

Илон Маск постави огромен осветлен знак „Х“ во седиштето на компанијата во Сан Франциско, кој го замени логото на Твитер, поради што се повеќе жители на оваа област се жалат дека им го нарушува сонот и животот.

Жителите на Сан Франциско и локалните власти не се премногу среќни поради идејата на Маск да постави џиновски светлосен знак „Х“ на покривот на седиштето на компанијата.

Соседите се жалат дека пресилното светло кое периодично се пали и гасне им го нарушува сонот, а градежната инспекција најави дека ќе покрене истрага.

Патриша Валинга, која живее од другата страна на улицата од седиштето на компанијата, за Си-Би-Ес изјавила дека мислела дека е гром и дека била многу збунета кога „Х“ првпат почнал да трепка силна светлина.

Корисниците на Твитер, сега социјалната мрежа „Х“, прикачуваат фотографии и видеа од блескавото лого на своите сметки, со напомена „замислете го ова преку улица од вашата спална соба“.

Зачудена сум од недостатокот на обѕир кон никого овде“, напиша корисникот на Твитер, Доли Марлоу.

Градежните инспектори од Сан Франциско рекоа дека ставањето таков знак на врвот на зградата може да биде прекршување на кодот. Во пријавата навеле дека фирмата двапати им забранувала пристап до покривот.

Еден инспектор изјавил дека претставник на компанијата му кажал дека знакот е привремен.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни