Свет

Илон Маск најавува револуција: Со чип ќе прогледаат и целосно слепите лица!

Илон Маск најавува револуција: Со чип ќе прогледаат и целосно слепите лица!

Компанијата „Neuralink“ на Илон Маск е подготвена да го започне првото тестирање на технологијата „Blindsight“, која ќе им овозможи на лицата со целосно губење на видот повторно да гледаат.

Според најавите на Маск, овој софистициран имплант ќе овозможи визуелна перцепција дури и кај оние кои имаат оштетени оптички нерви, преку директна стимулација на визуелниот кортекс во мозокот. Иако во првата фаза видот ќе биде со ниска резолуција, слична на раната графика на видеоигрите, Маск тврди дека потенцијалот на технологијата во иднина може да го надмине и природниот човечки вид.

Проектот веќе доби одобрение од американската Администрација за храна и лекови (FDA) како „преломна технологија“, што го отвора патот за првите клинички истражувања врз луѓе.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни