Има 20 години, медицинска сестра е, а ја поврзуваа и со Ѓоковиќ – новата учесничка во „Задруга“ интригира

Наталија Шекиќ, која во минатото беше поврзувана со тенисерот Новак Ѓоковиќ, влегува во реалното шоу „Задруга“, а сега открива како се чувствува.

Девојката вели дека многумина мислат дека е модел, но всушност е медицинска сестра.

„Имам 20 години и сум родена во Ниш, но живеам во Белград од петгодишна возраст, сите мислат дека сум модел, но јас сум медицинска сестра. Сакам предизвици, затоа влегувам“, вели Наталија, која веднаш ја прашаа од каде ги добила своите скапоцени работи.

Таа вели дека работите се на мајка и, и дека нема спонзор.

„Љубовниот статус е комплициран, многу, има едно момче. Не можеш да очекуваш дека ќе се омажам, тој дечко не е јавна личност”, вели таа.

На прашањето дали влегува за да ја каже вистината за Новак Ѓоковиќ, таа вели дека сега нема да зборува за тоа бидејќи се е надуено од медиумите, но ќе ја каже целата вистина.

„Мајка ми не е за да влезам, но друштвото ме поддржува. Момчето ме поддржува исто. Сега сум практикант, така што не работам“, вели таа.