Хејли Бибер е хоспитализирана откако почувствувала симптоми слични на мозочен удар, поради што имала потешкотии во движењето.
Се се случило во четвртокот, за време на појадокот со Џастин Бибер во нивниот дом, по што таа итно завршила во болница во близина на Палм Спрингс бидејќи симптомите наликувале на мозочен удар.
За среќа, лекарите брзо утврдиле дека проблемот е мало згрутчување на крвта, а како што се наведува, тоа многу лесно може да биде последица на лежење. Сепак, збунувачки е тоа што вакво нешто обично е поврзано со постари луѓе.
Да потсетиме, манекенката имаше коронавирус пред неколку недели, како и нејзиниот сопруг, пејачот Џастин Бибер, кој доби позитивна дијагноза само неколку дена по неговиот концерт.
Поради тоа, Бибер мораше да ја откаже турнејата во Лас Вегас, а иако сега е добро, се чини дека ситуацијата не е иста и со неговата сопруга, која сега се огласи на интернет и појасни за што се работи.
„Седев и појадував со сопругот во четвртокот наутро кога почнаа симптомите слични на мозочен удар, по што ме однесоа во болница. Открија дека имам многу мало згрутчување на крвта во мозокот, што предизвика недостаток на кислород , но моето тело се опорави само за неколку часа“, рече Хејли.
Таа додава дека иако ова било еден од најстрашните моменти низ кои поминала, сега е дома и добро.
„Многу сум благодарна на сите неверојатни лекари и медицински сестри кои се грижеа за мене! Ви благодарам на сите кои беа љубезни и оние кои се грижеа, како и сета поддршка и љубов“, напиша Хејли во својата приказна објаснувајќи што точно се случило.
