Премиерот на Бугарија во ексклузивно интервју за БТВ за прв пат во јавноста објави детали од разговорите кои се водат меѓу Македонија и Бугарија за кревање на ветото.
„Во моментов е само на ниво на предлог, не знам до каде ќе стигне. Тоа е европските партнери да се согласат дека, првата седница за РСМ во ЕУ ќе се случи по смената на Уставот. Ова е на ниво на преговори, но низ дискусија стигнато е до ова решение“, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков
Тој го оцени ова како невиден успех за тимот од МНР, кој сепак засега е само на ниво на предлог. Петков додаде дека било каков договор да биде постигнат со Македонија тој ќе помине низ бугарското собрание.
„Бугарите да бидат вметнати во Уставот, пред првата меѓувладина конференција, а за тоа да гарантира Европа“, додаде Ковачевски.