Има ли економски раст? Рафајловски: Во стопанството нема стратегија до ден-денес

Претходната година била успешна на економски план според реформите и сработеното со кое се пофали министерот за финанасии Дрган Тевдовски. Дека македонската економија оди во позитивна насока, според него сведочат и податоците на Државниот завод за статистика кои забележуваат раст од 3,1 % на БДП во второто тримесечје од 2018-та. Но, дел од стопанствениците не се согласуваат. Бизнисменот Рафајловски смета дека еконоски раст во република Македонија немало четири години. Според него за развој на стопанството потребна е стратегија, а неа ја нема.

Минатата година беше година на евроинтеграциите, барем така ја окарактеризира владата, која за  оваа година најавува дека ќе биде година на економијата. Тоа значи дека се очекува да има поголема економска активност и реализација на ветувањата.

Се вчитува...

Репортерка: Александра Велинова

Извор: ТВ21