Македонија

Мицкоски: Дизелот може да поевтини за два денари

Мицкоски: Дизелот може да поевтини за два денари

Цената на дизелот би можела да се намали доколку Владата и „Окта“ постигнат договор за попуст од два денари по литар. Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека преговорите се при крај и дека очекува договорот наскоро да биде финализиран.

„Да, во преговори сме и мислам дека сме многу блиску до договор за два денари попуст“, изјави Мицкоски при посетата на Општина Чешиново-Облешево.

Тој посочи дека продолжуваат да важат и владините мерки за намалување на ДДВ и акцизата за дизелот, со цел да се влијае врз крајната цена на горивото.

Утринските анализи покажале можност за поскапување на дизелот од половина до еден денар по литар. Но, доколку се договори попустот со „Окта“, наместо зголемување, можно е намалување на цената.

Дизелот денеска се продава по 97 денари за литар, а евентуалното поевтинување би зависело од постигнувањето на договорот и од конечната одлука за цените на нафтените деривати.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни