76 пратеници му потврдиле на премиерот, Зоран Заев, дека на 9 јануари ќе гласаат „ЗА“ Уставните измени. Но, тој е оптимист дека таа бројка ќе се зголеми. За уставните измени потребно е 2/3 мнозинство.
Пратеникот Зеќир Рамчиловиќ, член на независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, прашан дали 8-те гласа на исклучените пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, се сигурни, не ја исклучи можноста да има несогласување за некоја точка од Уставните измени. Сепак, на крајот додава дека очекува позитивен епилог.
На прашањето дали притворот на Сашо Мијалков ќе влијае врз нивното гласање, Рамчиловиќ рече дека притворот како мерка се злоупотребува за политички цели, но верува дека по разгледувањето на фактите, судот ќе овозможи процесот да тече без потреба од таква мерка, нешто што според него ќе ја релаксира ситуацијата. И пратеничката Нола Исмајловска Старова, која исто така е член на Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, вели дека процесите течат добро, додавајќи дека реформските закони и Законот за амнестија ќе го засилат процесот на Уставните измени.
РЕПОРТЕР: БЕСИР АРИФИ
