Македонија

„Имам валидни документи“: Онишченко изненаден за одземеното државјанството

„Имам валидни документи“: Онишченко изненаден за одземеното државјанството

„Во моето државјанство нема измама, ниту еден грам“, вели за Слободен печат украинскиот бизнисен Олекснандр Онишченко, откако Владата почна постапка за одземање на државјанството.

Тој вели дека нема што да каже.

„Побараа од мене да ја претставувам Македонија и да помогнам во подготовката за Олимписките игри. Ако не сакаат, јас ќе го направам тоа на мој начин. Федерацијата побара од мене, Лука Заложник ме прашуваше секој ден. Ги дадов сите официјални документи при апликацијата. Мојот руски пасош и изводот од матичната книга на родените. Имам и руски и украински пасош. Кога аплицирав за македонско државјанство, аплицирав со рускиот пасош. Се натпреварував за Русија претходно. Имам само валидни докумети, не можам да имам невалидни, јас сум официјално лице“ – рече Онишченко.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни