Се наоѓаме во специфичен период и можеби повеќе од кога било имаме време да размислиме за секој детал од нашиот живот, вклучувајќи ги и имињата за децата.
Доколку не спаѓате во групата на оние кои веќе го знаат одговорот на прашањето кое име да му дадат на синот или ќерката, како инспирација може да послужи листата со најпопуларни имиња за бебиња што редовно ја објавува Бебе центарот.
Така тие веќе имаат список со имиња кои ја држат доминацијата на листата на најпопуларни во 2021. Со оглед на тоа што се работи за имиња кои секоја година имаат свое место на оваа листа, веројатно ситуацијата нема многу да се промени како што ќе минува годината.
Видете 10 имиња за девојчиња и 10 имиња за момчиња кои може да се прилагодат (или веќе се) на нашиот јазик.
Популарни имиња за девојки во 2021 година.
- Оливија
- Ема
- Амелија
- Ава
- Изабела
- Софија
- Миа
- Луна
- Ела
- Арија
Популарни имиња за момчиња во 2021 година.
- Ное
- Оливер
- Лукас
- Матеј
- Себастијан
- Габриел
- Даниел
- Дејвид
- Каи
- Лео
