Оваа изјава на пратеникот на независната парламентарна група на ВМРО-ДПМНЕ предизвика нетрпение кај неговите поранешни колеги. Опозициската партија во Собранието, побара од собранискиот спикер, Талат Џафери, да преземе мерки против исклучените пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, за да не ги злоупотребуваат името и симболот на партијата. Координаторот на пратеничката група, Никола Мицевски, рече дека партијата на 2-ти ноември во Собранието доставила барање за дел од пратениците кои формирале пратеничка група, да бидат исклучени од членството на ВМРО-ДПМНЕ.
Но, претседателот на Собранието, Џафери, му одговори кратко, порачувајќи му проблемите со пратеничката група да ги решат на Суд.
Осумте пратеници кои гласаа „за“ уставните измени, побара од ВМРО-ДПМНЕ да гласа за амандманите со кои се гарантира македонскиот идентитет.
Репортер: Зимер Јашари
